ПОЧИНА АКТЕРКАТА МАЈДА ТУШАР

    ПОЧИНА АКТЕРКАТА МАЈДА ТУШАРМајда Тушар беше членка на ансамблот на Драмски театар од 1972 до 2015. (Фото: Драмски театар)

    Актерката Мајда Тушар почина денеска во Скопје на 72 години, соопшти нејзината матична куќа Драмски театар. Тушар беше членка на ансамблот на Драмски од 1972 до 2015.

    Откако дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, Тушар активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

    Од бројните улоги се издвојуваат Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

    Добитничка е на наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот, како и наградите Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ за која ја освои и „Војдан Чернодрински“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира