ПОЧИНА АКТЕРОТ МАРК МАРГОЛИС

    ПОЧИНА АКТЕРОТ МАРК МАРГОЛИСМарголис го играше Хектор Саламанка во хит сериите „На лош пат“ и „Подобро јави се на Сол“. (Фото: Вајаримиџ)

    Марк Марголис, кој го играше злобникот Хектор Саламанка во хит сериите „На лош пат“ (Breaking Bad) и „Подобро јави се на Сол“, почина денеска во Њујорк, објави неговиот син Морган Марголис. Имаше 83 години.

    Во „На лош пат“ Марголис игра поранешен крал на дрогата кој од неговиот дом за стари лица продолжува да владее со трговијата со метамфетамин во Албукерки, и остави незаборавна трага во телевизискиот универзум на Винс Гилиган иако речиси немаше реплики. Во 2012 беше номиниран за Еми за улогата во „На лош пат“. Марголис се врати како Хектор „Тио“ Саламанка во пет сезони во приквел-серијата „Подобро јави се на Сол“ на чело со Боб Оденкирк и му даде богата приказна во ликот.

    Прва значајна филмска улога беше во мафијашкиот класик на Брајан Де Палма „Скарфејс“, во кој Марголис го играше негативецот и телохранител Алберто, познат како Сенката. Долгогодишен соработник на Дарен Аронофски, Марголис играше и во „Ное“, „Црниот лебед“, „Борачот“ и „Пи“. Има над 70 филмски улоги во текот на пет децении.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира