ПОЧИНА АКТЕРОТ МУСТАФА НАДАРЕВИЌ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ МУСТАФА НАДАРЕВИЌТелевизиската публика го Мустафа Надаревиќ памети по улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“. (Фото: АТА)

    Славниот босански глумец Мустафа Надаревиќ денеска почина на 77 години по долго боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот колега Моамер Касумовиќ за локалните медиуми. Надаревиќ, кој живееше во Загреб, имаше карцином на белите дробови, а медиумите од БиХ неофицијално објавија дека се борел и со ковид-19.

    Надаревиќ е роден во Бања Лука во 1943 година. Живееше и работеше во многу градови во бивша Југославија, а најголем дел од животот го помина во Загреб.

    Театарската кариера ја започна во Загрепскиот театар за млади, а во 1969 година му се приклучи на Хрватскиот народен театар. Филмската кариера ја започна на почетокот на 80-те години од минатиот век и имаше улоги во „Татко на службен пат“, „Веќе видено“, „Глембаеви“, „Празник“, „Ничија земја“ и многу други.

    Телевизиската публика го памети по улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира