ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ АКТЕР ВИЛИЈАМ ХАРТ

    ПОЧИНА АМЕРИКАНСКИОТ АКТЕР ВИЛИЈАМ ХАРТХарт освои оскар во 1986, а во последните години се појави во пет филма на „Марвел“ (Фото: Гети)

    Американскиот актер награден со Оскар Вилијам Харт, чии улоги се протегаат од фалени драми од 1980-ите до серијалот „Марвел“, почина на 71 година. Тој освои Оскар за најдобар актер во 1986 за „Бакнежот на жената-пајак“ и беше номиниран уште двапати.

    „Тој почина мирно, окружен од семејството, од природни причини, една недела пред својот 72. роденден“, изјави синот на Харт, Вил.

    Харт ја почнал актерската кариера во театар во 1970-ите, а во Холивуд се проби со научно-фантастичниот хорор „Променети состојби“, за кој беше номиниран за златен глобус во 1981. Оскарот го освои за улогата на геј маж кој дели затворска ќелија со политички затвореник во „Бакнежот на жената-пајак“.

    Важел за ценет, но истовремено и тежок и често конфликтен актер, а поранешната девојка и колешка од филмот „Деца на помалиот бог“, Марли Мејтлин, го обвини за физичко и емоционално злоставување, за што подоцна јавно ѝ се извини. Во 2018 откри дека има терминален рак на простата, но точната причина за смртта сега не беше објавена.

    Во последните години беше познат по ликот на генералот Тадеус Тандерболт Рос, појавувајќи се во пет филма на „Марвел“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира