ПОЧИНА БАСИСТОТ НА „ЗИ-ЗИ ТОП“, ДАСТИ ХИЛ

    ПОЧИНА БАСИСТОТ НА „ЗИ-ЗИ ТОП“, ДАСТИ ХИЛХил беше еден од основачите на групата во 1969 година

    Долгогодишниот басист и еден од брадестите членови на рок групата „Зи-Зи топ“, Дасти Хил, почина на 72 години во својот дом во Хјустон, потврдија неговите колеги од бендот Били Гибонс и Френк Берд.

    „Тажни сме поради веста дека нашиот пријател Дасти Хил почина во сон во својот дом во Хјустон. Нам и на легијата фанови на ‘Зи-Зи топ‘ ќе ни недостигаат твоите непоколеблива појава, добар карактер и трајна посветеност на она што го чинеше бендот“, објави групата на Фејсбук.

    Хил беше еден од основачите на групата во 1969 година и беше басист и втор вокал на сите 15 студиски албуми, од кои последниот излезе во 2012 година. „Зи-Зи топ“ почнал како блуз бенд, но потоа се префрлил на традиционален рок, што му помогна да остане во врвот на сцената во 1970-ите и 1980-ите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира