На 62 години почина Горан Баре, култниот хрватски музичар и фронтмен на рок групата „Мајке“. Баре беше една од највпечатливите личности на регионалната музичка сцена, не само како пејач и автор, туку и поради своите тешки животни борби, за кои секогаш отворено зборуваше.
Тој почина неколку недели откако му се слоши за време на настап во Макарска, кога беше изнесен од бината, по што бендот објави двомесечна пауза.
Баре е роден во 1965 година во Винковци. Во 1984 го основал бендот „Мајке“, спојувајќи гаражен рок, блуз и панк со препознатливиот глас на Баре. Првиот албум го објавија во 1990, по што следеа уште неколку успешни изданија, меѓу кои особено се истакнува „Време е да се тргне“ од 1996.
По распадот на „Мајке“ кон крајот на 1990-тите, Баре продолжи со успешна соло кариера. Бендот се реоформи во 2007 и потоа го издаде еден од своите најдобри и најнаградувани албуми „Тешки бои“.
Животот на Баре го обележаа и лични трагедии и борба со зависности. Неговата сопруга Мирјана почина од предозирање на 27 години.



