ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРЧКА АКТЕРКА И ПЕЈАЧКА ИРЕНЕ ПАПАС

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ГРЧКА АКТЕРКА И ПЕЈАЧКА ИРЕНЕ ПАПАСПапас се стекна со светска слава со филмот „Гркот Зорба“ од 1964

    Легендарната грчка актерка и пејачка Ирене Папас, која се стекна со светска слава со филмот „Гркот Зорба“, почина на 96 години, објави грчкото министерство за култура. Папас оствари 50-годишна филмска кариера, која финишираше во 2003 со филмот „A Talking Picture“ со Катрин Денев и Џон Малкович.

    „Гркот Зорба“ беше голем хит во 1964 година и освои три оскари, а огромна популарност му донесе и музиката од филмот.

    Папас, која се бореше со Алцхајмерова болест во изминатите години, оствари повеќе од 80 филмски и телевизиски улоги, а соработуваше и со покојниот грчки композитор Вангелис.

    „Величествена и динамична, Ирене Папас беше персонификација на грчката убавина на филмското платно и на сцената, меѓународна ѕвезда која зрачеше со грчкото“, изјави министерката за култура Лина Мендони.

    Папас живееше во изгнанство во Италија и САД од 1967 до 1974 поради своите либерални политички ставови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира