Американскиот филмаџија Џим Абрахамс, коавтор на популарните комедии „Има ли пилот во авионот?“, „Гол пиштол“ и „Вжештени глави“, почина на 80 години во својот дом во Санта Моника, Калифорнија. Заедно со своите пријатели од детството Џери и Дејвис Закер, Абрахамс почна нов бран холивудски комедии во 1970-тите, кои се одликуваа со пародичност и налудничав и апсурден хумор.
Абрахамс дебитираше во 1977 како сценарист на комедијата „Kentucky Fried Movie“, а првиот голем хит го имаше со „Има ли пилот во авионот?“ (Airplane!) од 1980, кој беше пародија на филмовите на катастрофа.
Триото Закер-Абрахамс-Закер продолжи да соработува и во 1980-тите, што резултираше прво со серијата „Полициски одред“, а потоа и со хит-филмовите „Строго доверливо“ (Top Secret!) и „Вжештени глави“ (Hot Shots!), чии два дела беа замислени како пародија на „Топ ган“ и „Рамбо“, сите во режија на Абрахамс.
Тој исто така го создаде филмскиот серијал „Гол пиштол“ (The Naked Gun), каде што беше сценарист на сите три дела и го прослави Лесли Нилсен.
Абрахамс во својата кариера беше номиниран за Еми и за БАФТА.