На 53 години почина холивудската актерка Шенен Доерти, после повеќегодишна борба со ракот. Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“ починала вчера, изјави за „Пипл“ нејзината портпаролка.
Доерти во февруари годинава објави дека ракот ѝ се вратил, дека метастазирал и за списанието „Ел“ вели дека очекува да се лекува до крајот на животот. Болеста во меѓувреме ѝ се прошири на ‘рбетот. Болеста првпат ѝ била дијагностицирана во 2015.
Во 2019 глумеше во новата минисерија „БХ90210“ и по 30 години ја репризираше улогата на Бренда Волш од култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“.