ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР БРАНКО ЦВЕЈИЌ

    ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР БРАНКО ЦВЕЈИЌЦвејиќ во 2018 гостуваше во МНТ, каде што со колегите од ЈДП играше во претставата на Слободан Унковски, „Ајнштајновите соништа“ (Фото: СДК.МК)

    Српскиот актер и поранешен директор на Југословенско драмско позориште (ЈДП) Бранко Цвејиќ почина во Белград на 75 години.

    Роден во Белград на 25 август 1946, Цвејиќ запишал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1965 и беше дел од целата генерација нови актери кои на повик на легендарниот Бојан Ступица станале членови на ЈДП во 1967. Во матичната театарска куќа одиграл повеќе од 50 улоги.

    Гостуваше и на други сцени, а беше и еден од основачите на Звездара театар.

    Цвејиќ играше и во повеќе од 40 играни филмови и ТВ-серии, но остана најпрепознатлив како Бане Бумбар од култната серија „Бос в трње“ („Грлом у јагоде“) од 1975.

    Бранко Цвејиќ припаѓа на онаа генерација српски и југословенски актери која на крајот на 1960-ите го освои, целосно го презеде и радикално го промени изгледот на нашето глумиште. Придонесот на Цвејиќ кон оваа актерска револуција кулминираше во ТВ-серијата ‘Бос в трње‘, која го направи еден од водечките драмски уметници во Југославија“, соопшти Југословенско драмско позориште.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира