ПОД МОРАТОРИУМ ПРЕТСТАВАТА СО ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ ВО ДРАМСКИ

    ПОД МОРАТОРИУМ ПРЕТСТАВАТА СО ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ ВО ДРАМСКИПремиерата на „Папагалот Историко“ беше во септември, и оттогаш се изигра уште два пати пред полупразен салон, а еднаш беше откажана, кога беше продадена само една картa

    Претставата „Папагалот Историко“ во Драмски театар, во која главната улога ја игра Владо Јовановски, е ставена под мораторум, вели в. д. директорот Сашо Тасевски.

    Јовановски на 1 декември доцна попладнето доби мерка притвор од 30 дена од Кривичниот суд во Скопје, како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

    Тасевски додадва оти досега не разговарале за алтернација на ликот на Јовановски, и поради околностите, засега претставата е под мораториум.

    Премиерата на претставата во режија на Љубиша Георгиевски беше на 23 септември, и оттогаш се изигра уште два пати пред полупразен салон, а еднаш беше откажана, кога беше продадена само една карта.

    Бидејќи за надворешниот член Владо Јовановски се исплаќа хонорар, Драмски ќе беше во зијан ако ја изведеше претставата“, изјави во октомври Тасевски.

    Претставата е работена според романот на Георгиевски, „Монументи на глупоста“, а драматизацијата е на Сашко Насев. Во актерската екипа , покрај Јовановски се и Благица Димитровска, Калина Наумовска, Дамјан Цветановски, Ѓорѓи Тодоровски и студентите од Факултетот за драмски уметност.

    Сценограф и костимограф на претставата ќерката на Георгиевски, Мери Јовановска.

    На 1 декември вечерта, 18 глумци ја откажаа изведбата на претставата „Ничија земја“ во Македонскиот народен театар (МНТ) како поддршка за колегата Јовановски. В. д. директорот на МНТ, Драган Спасов- Дац најави дека ќе се формира дисциплинска комисија и дека ќе бидат казнети сите актери, бидејќи , како што рече, „недопустливо е да се врати цел салон од 700 луѓе . Публиката е најважна“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира