ПОЛА САЛА ПРАЗНА НА ПРОЕКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ”

    ПОЛА САЛА ПРАЗНА НА ПРОЕКЦИЈАТА НА ФИЛМОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ”По сликањето на црвениот тепих и церемонијалниот дел на доделување на наградите, дел од публиката ја напушти салата на Центарот за култура во Битола; Добитникот на Златна Камера 300 за животно дело, оскаровецот Роџер Дикинс на отворањето на „Браќа Манаки" (Фото: СДК.МК)

    И годинава на свеченото отворање на фестивалот „Браќа Манаки” во Битола се повтори истата пракса како и претходните години. По сликањето на црвениот тепих и церемонијалниот дел на доделување на наградите, дел од публиката ја напушти салата на Центарот за култура во Битола.

    „Оваа награда многу ми значи затоа што се разликува играта пред камера од театарот, но таа е еднаква по уметничкиот предизвик. Им благодарам на сите филмски режисери и телевизиски режисери ко ми пружија можност да се сплотам со животот на разни луѓе пред камерите“, рече актерката Милица Стојанова, која годинава е лауреат на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија, наградата и’ ја врачи Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ (Фото: ИФФ Браќа Манаки)

    Иако громогласно му аплаудираа на оскаровецот Роџер Дикинс кога му беше врачена наградата, му застануваа на патот и му честитаа, петнаесет минути подоцна не беа расположени да го проследат неговиот филм „Истребувач 2049″ што беше филм за отворање на Фестивалот. Откако водителката соопшти дека дека филмот ќе трае 165 минути, поточно 2 часа и 45 минути, половина сала замина. Внатре останаа само верните филмофили.

    Клаудија Кардинале со наградата Специјална златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност (Фото: ИФФ Браќа Манаки)


    Меѓу публиката што замина беа и политичарите. Во салата не можевме да ги забележиме министрите и други политичари.

    Во салата остана градоначалничката на Битола Наташа Петровска да го гледа филмот, заедно со раководството на фестивалот Гена Теодосиевска и Благоја Куновски – Доре и лауреатот Роџер Дикинс.  

    По церемонијата заминаа и наградените актерки Клаудија Кардинале и актерката Милица Стојанова, со оглед на годините.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира