ПРЕДИЗВИК Е ДА СЕ СОЗДАВА ЕСТЕТИКА ВО СРЕДИНА КАДЕ ДОМИНИРА КИЧОТ И ПРИТИСОКОТ ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

    ПРЕДИЗВИК Е ДА СЕ СОЗДАВА ЕСТЕТИКА ВО СРЕДИНА КАДЕ ДОМИНИРА КИЧОТ И ПРИТИСОКОТ ОД ИНВЕСТИТОРИТЕ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРАПретседателот Стево Пендаровски со добитниците на наградата која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. (Фото: Претседател на РСМ)

    Авторите на проектот „Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово“ ја добија Големата годишна награда за архитектура за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 година. Наградата на Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат синоќа им ја врачи покровителот, претседателот Стево Пендаровски, а ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

    „Живееме во комплексни времиња на простор каде што не е лесно да се твори, имајќи предвид дека архитектите чувствуваат притисок од инвеститорите, за жал, некогаш и од носителите на јавни функции, а модерната, бескрупулозна трка за профит го игнорира естетското и хуманото. Во опкружување каде што предност добива инстантното и каде што доминира кичот, предизвикот да се направи успешно и естетско издржано дело кое ќе го издржи тестот на времето е уште потежок. Со доделувањето на Големата годишна награда, каде што се презентираат највредните архитектонските остварувања во тековната година, како и со своите останати активности, Асоцијацијата на архитекти придонесува за промоција на македонската архитектура и за соодветно, јавно вреднување на дострелите на македонските архитекти“, рече Пендаровски на свеченоста.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира