ПРЕТСТАВАТА ОД ЈУЖНА КОРЕЈА „ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕКТРА“ ВО РЕЖИЈА НА ПРОЈКОВСКИ, ГО ЗАТВОРА ОХРИДСКО ЛЕТО

    ПРЕТСТАВАТА ОД ЈУЖНА КОРЕЈА „ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕКТРА“ ВО РЕЖИЈА НА ПРОЈКОВСКИ, ГО ЗАТВОРА ОХРИДСКО ЛЕТОСтанува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз. (Фото: „Артема“)

    Со европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, вечерва завршува 65. издание на Охридско лето. Претставата е копродукција на Театарската асоцијација на Јужна Кореја, театарската лабораторија „Артема“  и Охридско лето,  а ќе се изведе во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

    Премиерата беше на 26 јули како дел од програмата на Националниот театарски фестивал во Инчеон, Јужна Кореја. Овој формат на копродукција овозможи вклучување на целосна корејска актерска екипа, селектирана преку национален кастинг.

    Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз.

    „Работата со корејски уметници беше вистински предизвик, не само поради јазикот, туку и поради нивниот прецизен и визуелно рафиниран пристап кон театарот. Но, токму затоа, кога ќе успееш да се разбереш без зборови, сфаќаш дека темите што ги носи оваа претстава се навистина универзални“, вели Пројковски.

    Авторскиот тим на претставата е главно македонски, Сашо Димовски  е автор на текстот и драматург, музиката е на Сашко Костов, сценографијата и видеодизајнот на Сергеј Светозарев и костимите на Раде Василев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира