ПРИКАЗНИТЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА

    ПРИКАЗНИТЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ“ УТРЕ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРАВо Венеција е изложен проектот „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот ''Свети Јоаким Осоговски, 1992–2017“. (Фото: Фејсбук)

    Македонскиот павилјон на Биеналето за архитектура ќе се отвори утре, со проектот „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот ‘Свети Јоаким Осоговски’, 1992-2017“. Официјалното отворање на Биеналето е на 20 мај, а Македонскиот павилјон ќе се отвори утре, на Светскиот ден на музеите.

    Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директорка на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), а куратори се Александар Петановски, Димитар Крстески, Дарко Драгановски, Марија Петрова и Горан Петров.

    Излагачи во поставката се Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша Тасиќ и Димитар Папастеревски. Соработници се: Амир Ахмети, Егзона Зендели, Кире Ставров, Влера Тачи, Теодора Илиевска, Сара Алаѓозовска, Ахмед Пошка, Тамара Павлеска, Теодора Стеваноска, Марија Илиев, Горан Трајановски, Маријана Јаневска, Кристијан Ристовски, Едон Фетаху, Никола Момировски, Фјола Пустина, Симона Костовска, Александра Наумовска, Ива Митевска, Енис Абовски, Кирил Кочоски, Мила Јакимовска, Харика Шехаби, Илија Мошев и Домника Бошкова.

    Директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими (десно) на павилјонот во Венеција. (Фото: Фејсбук)

    Носителот на проектот е Здружението за истражување на градот „Градот убав Скопје“.

    „Изложбата ја согледува школата како психогеографски асамблаж од парчињата, спомените, кажувањата, приказните за настаните, местата и луѓето во и околу Летната школа. Првата школа започна со истражување на корените на преродбенската архитектура во делото на протомајсторот Андреа Дамјанов, документирајќи ги објектите и нивната поставка во манастирот. Низ годините Летната школа се формираше во еден уникатен педагошки експеримент, во неизвесната авантура на учење, правење и преиспитување на границите на архитектурата иуметноста. Така Летната школа на Архитектонскиот факултет, Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во манастирот ‘Св. Јоаким Осоговски’ од еден локален настан набрзо стана еден меѓународен јаз, кој ги собираше различните луѓе и идеи. Оваа поставка сака да даде една документарна основа на сеќавањањата, приказните, замислите, доживувањата, изложени на заедничка маса, на сличен начин како што на чардакот од конакот се разговараше, работеше, изложуваше. На тој начин собраните објекти, слики, записи, цртежите како трагите од минатото ни сведочат за една можна заедничка иднина“, вели Ива Петрунова, претседателка на Здружението.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира