ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР И МНТ СО ПО 4 НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

    ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР И МНТ СО ПО 4 НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“Театарскиот фестивал кој се одржува по 53.пат, заврши со доделување на наградите за најдобрите и со изведбата на претставата „Не сега драга“ на Театар Комедија (Фото: Министерство за култура)

    Четири награди доби претставата „Клетници“ на Прилепскиот театар, во режија на Мартин Кочовски на 53 издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински “ во Прилеп, кое заврши синоќа со доделување на наградите на најдобрите, за кои одлучи жирито составено од Мими Таневска-Србиновска, Драган Спасов-Дац и Јасна Новакова од Србија.

    „Клетници“ е најдобра претстава во целина, има најдобра главна женска улога за Ангела Наумоска, современа сценска драматизација за Горјан Милошевски и најдобра музика за групата „Фолтин“.

    Актерите Сашко Коцев, Гораст Цветковски и Александар Михајловски, за улогите во претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар ги добија наградите за најдобра машка главна улога, машка епизодна улога „Димче Трајковски“ и наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ . Претставата доби и награда за најдобра сценографија, дело на Валентин Светозарев и Никола Тороманов.

    Словенецот Диего де Бреа е најдобар режисер, за претставата „Крал Лир“ на Турскиот театар, а актерката Ебру Мусли е добитник на наградата млад актер во истата претстава.

    Наташа Петровиќ ја доби наградата за женска епизодна улога во претставата „Еднаш свет изградив“ на Театарот за деца и млади.

    Наградата за костимографија ја добија Марија Папучевска и Бранкица Јордановска за костимите во претставата „Ужегнатост“ на независната продукција „Артопија“ од Скопје.

    Наградата за рекламен материјал ја доби Нгадњим Мехмети за изработениот рекламен материјал за претставата „Жените“ на Албанскиот театар од Скопје.

    Теататрската смотра затвори со изведба на претставата „Не сега драга“, во продукција на Театар Комедија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира