ПРОМОЦИЈА НА БЛУРЕЈ ИЗДАНИЕТО НА „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ НА КИНОТЕКАТА НА 27 ОКТОМВРИ

    ПРОМОЦИЈА НА БЛУРЕЈ ИЗДАНИЕТО НА „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ НА КИНОТЕКАТА НА 27 ОКТОМВРИВера Чукиќ и Зафир Хаџиманов во сцена од „Македонска крвава свадба“. (Фото: Кинотека)

    На 27 октомври во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоција на блуреј изданието на македонскиот игран филм „Македонска крвава свадба“ во режија на Трајче Попов од 1967. Настанот е во чест на одбележувањето на 27 Октомври, Светскиот ден на аудиовизуелното наследство.

    „Македонска крвава свадба“ е екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900. Филмот беше дигитализиран во 2025 како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Креативна Европа МЕДИА на Европската Унија.

    Вечерта во 20 часот во кинотечното кино ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски.

    Светскиот ден на аудиовизуелното наследство е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира