РИСИМКИН СО ПРЕМИЕРА НА „СЕКВЕНЦИ“ ВО КИНЕСКИ ТАНЦОВ ТЕАТАР

    РИСИМКИН СО ПРЕМИЕРА НА „СЕКВЕНЦИ“ ВО КИНЕСКИ ТАНЦОВ ТЕАТАРВо претставата учествуваат петнаесет млади танчери, музиката е на композиторот Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Ксианџи (Фото: Фејсбук)

    Кореографката Рисима Рисимкин изминативе денови имаше премиера во Кина, во Танцовиот театар во Конзерваториумот за музика Жијан, во градот Хангџо. Во претставата „Секвенци- Минато; Сегашност; Иднина“, аучествуваат петнаесет млади танчери, музиката е на композиторот Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Ксианџи.

    „ ‘Секвенци се приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчерите, создадовме слики за минатото, денешницата и иднината. Тело. Различни тела. Телото како фокус на истражувањето низ времето. Интегриран колектив, како рефлексија на социјалните состојби, слики. Физички аспект на танцот низ различни временски рамки. Проекција на физичкото преку идејите за мисловното и спиритуалното“, вели Рисимкин.

    По премиерата во Хангџоу, Рисимкин во Пекинг ќе учествува на годишниот состанокот на Танцовата унија помеѓу Кина и земјите на централна и југоисточна Европа, во која е член на Бордот.

    Во исто време, во Пекинг се одржува фестивалот на Пекингшката акдемија на танц, на кој ќе гостуваат студентите од Катедрата за танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Македонија. Студентите ќе настапат со кореографијата „Егзистирање“ на  Рисимкин, дел од програмата на Скопје танцовиот театар. Во делото учествуваат студентите: Тереза Лазарев, Јоваан Зајкова, Сара Цветковска и Бобан Русески. Настапува и танчерката на Скопје танцовиот театар и асистент на УГД Адријана Данчевска, како и музичарите Виктор Филиповски и Владимир Трпковски, кои музиката ја изведуваат во живо.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира