„СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА ЖИРИТО ВО КАРЛОВИ ВАРИ

    „СЕСТРИ“ НА ДИНА ДУМА ДОБИ СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА ЖИРИТО ВО КАРЛОВИ ВАРИРежисерката Дина Дума и продуцентката Марија Димитрова со наградата за „Сестри“. (Фото: КИФФ)

    „Сестри“, дебитантскиот филм на режисерката Дина Дума, вечерва ја доби Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот, на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, најголемиот фестивал во Чешка. Наградата носи и 10.000 долари. Тој е еден од најстарите филмски фестивали од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција, Локарно, Сан Себастијан.

    „Сестри“, приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување,  играше во натпреварувачката програма Источно од Западот, каде влегуваат први или втори филмови на авторите и документарци од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот Исток и Северна Африка. Станува збор за филмови кои имаа светска или европска премиера на овој фестивал.

    Гран при и 15.000 долари во оваа селекцијата освои „Рус“ на Владимир Мункуев.

    Дина Дума со наградата од жирито за програмата Источно од Западот, во кое членуваше Атанас Георгиев, продуцентот на „Медена земја“. (Фото: Аматерска фотографија)

    Главен победник во Карлови Вари е „Страхиња Бановиќ“ на српскот режисер Стефан Арсенијевиќ, кој го освои Кристалниот глобус, а награди доби и за најдобар актер за Ибрахим Кома и за најдобра кинематограферка за Јелена Станковиќ. Награда за најдобар режисер освои  Дитрих Бругеман за „Не“ од Германија.

    Режисерката Дума (во средина ) со екипата на филмот на премиерата во Крлови Вари. (Фото: „Лист продукција“)

    На 55. издание на фестивалот, кое завршува вечерва, имаше 32 премиери во склоп на двете натпреварувачки програми за Кристален глобус и Источно од Западот, како и во програмата со специјални проекции.

    Во „Сестри“во  главните улоги се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Во продукција на  „Лист продукција“, продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите Роза Трајческа-Ристовска, шминката е на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев-Новоградска.

    Дума го сними филмот во 2019, на урбани локации низ Скопје. „Сестри“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и е регионална копродукција со Црна Гора и Косово.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира