„СЕВЕРЕН ПОЛ“ НА АПЧЕВСКА МЕЃУ КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕВРОПСКИ ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ

    „СЕВЕРЕН ПОЛ“ НА АПЧЕВСКА МЕЃУ КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕВРОПСКИ ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ„Северен пол“ е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна палма

    „Северен пол“ на Марија Апчевска се најде меѓу кандидатите за годинашниот Европски оскар за најдобар краток филм. Во пошироката конкуренција се уште 24 наслови.

    „Северен пол“ е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна палма откако имаше светска премиера на ланското издание на Канскиот фестивал. Оттогаш учествуваше на повеќе од 40 фестивали низ цел свет и освои неколку награди. Со триумфот на Интернационалниот фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао се квалификуваше и за кандидат за Оскар.

    Филмот е копродукција на Македонија, Србија и Унгарија. Во продукција на „Кино око“, снимен е по сценарио на Апчевска, а во главни улоги се Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира