СИНДИКАТОТ ЗА КУЛТУРА И МИНИСТЕРСТВОТО ПО 15 ГОДИНИ ПОТПИШАА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

    СИНДИКАТОТ ЗА КУЛТУРА И МИНИСТЕРСТВОТО ПО 15 ГОДИНИ ПОТПИШАА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОРПретседателката на СКРМ Сања Арсовска, министерот за култура Хусни Исмаили и и претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска го потпишаа Колективниот договор. (Фото: МИА)

    Министерот за култура Хусни Исмаили, претседателката на Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ) Сања Арсовска и претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска го потпишаа Колективниот договор со кој по 15 години се уредуваат правата на вработените во културните институции.

    Владата во саботата ја усвои информацијата со која министерот Исмаили доби овластување за потпишување на Колективниот договор во културата, а го задолжи Министерството за финансии да ги обезбеди средствата за оваа намена најдоцна до 1 јули 2020 година.

    Неделков рече дека завршила децениската борба на колегите, кои со години работеа со огромни разлики во платите а на исти места, но и  дека е невозможно да се најде идеален текст за ваква комплексна дејност како културата.

    „Се работи за 326 работни места, колку и да се трудиме не можеме да ги идеално да ги уредиме, но поставивме една база, темели врз кои што ќе можеме после да се надоградуваме и да ги унапредуваме правата на вработените“, рече Арсовска.

    Синдикатот на културата минатата недела огранизираше еднодневен штрајк, поради нивното незадоволство од непотпишувањето на Колективниот договор, за кој преговараа веќе две години со Министерството за култура и со Владата.

    Арсовска тогаш кажа дека секторот култура од 2005 нема колективен договор, поминати се веќе 15 години и дека владеел комплетен хаос по прашање на работничките права во култутно-уметничките институции. Таа тогаш кажа дека беа повикани на итен состанок во Министерството и дека добија понуда, за која кажа дека ќе ја разгледаат заедно со СОНК.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира