СКОПСКАТА МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА СЛАВИ 55 ГОДИНИ СО СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ВО НОБ, ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН

    СКОПСКАТА МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА СЛАВИ 55 ГОДИНИ СО СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ВО НОБ, ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕНЌе настапат студентите од сите студиски програми на ФМУ

    Педесет и пет години од основањето на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) Скопје ќе се одбележат вечерва (20 часот) со свечен концерт во фоајето на Националната опера и балет (НОБ).

    Ќе настапат студентите од програмите на ФМУ, како: Гудачки инструменти и гитара, Клавишни инструменти и харфа, Дувачки инструменти, удирачки инструменти и соло пеење, Музичка теорија и педагогија, музикологија, композиција и диригирање, Популарни жанрови и Балетска педагогија.

    Настапуваат студентите од класите на професорите: Mарија Муратовска-Наумовска, Драган Даутовски, Зорица Каракутовска,  Нинослав Димов, Марија Ѓошевска, Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова, Фросина Балова, Соња Здравкова-Џепароска,  Искра Шукарова,  Дарко Багески, Кристина Светиева, Сара Пројковска, Андријана Јаневска Бобан и Ковачевски.

    Влезот е слободен, но, како што велат од ФМУ, поради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 или на [email protected] до денес до 16 часот.

    Задолжително е носење на заштитна маска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира