СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА СО ПРЕМИЕРАТА НА „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ГЕРТРУДА“

    СКОПСКИОТ ДРАМСКИ ТЕАТАР ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА СО ПРЕМИЕРАТА НА „ТАКА ЗБОРУВАШЕ ГЕРТРУДА“Во насловната улога е Соња Стамболџиоска (Фото: Драмски театар)

    Претставата „Така зборуваше Гертруда“ од Миа Николоска премиерно ќе се изведе вечерва во Драмски театар во Скопје на отворањето на новата сезона. Режисер на претставата е Ангелчо Илиевски, а во насловната улога е Соња Стамболџиоска.

    „‘Така зборуваше Гертруда‘ е драма која како главна тема ја обработува правдата и што значи таа за секого во еден судски спор. Базирана е на вистинска приказна каде што свиња била дадена на суд бидејќи убила бебе. Главниот лик Гертруда е одраз на надчовечкото, таа е симбол на мајчинство и пожртвуваност, таа е подоблесна од луѓето, а тие за неа се стока. Судскиот спор е прозорец кон корумпираноста и нееднаквоста, од судијата до сведоците“, вели авторката Николоска.

    Во останатите улоги се Григор Јовановски, Стефан Вујисиќ, Трајанка Илиева-Вељиќ, Дамјан Цветановски, Рубенс Муратовски, Александар Степанулески, Ана Димитрова, Анастас Тановски и Емилија Мицевска-Трајковиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Марија Пупучевска, а музиката на Дарија Андовска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира