СКУЛПТОРОТ ЖАРКО БАШЕСКИ СО ИЗЛОЖБА ВО КУЌАТА НА УРАНИЈА ВО ОХРИД НА 12 АВГУСТ

    СКУЛПТОРОТ ЖАРКО БАШЕСКИ СО ИЗЛОЖБА ВО КУЌАТА НА УРАНИЈА ВО ОХРИД НА 12 АВГУСТЌе се изложат десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект. (Фото: МАНУ)

    На 12 август (20 часот) во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид ќе се отвори изложбата на склупторот Жарко Башески насловена „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“

    „Изложбата, која ќе трае до 27 август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик“, најавува оранизаторот.

    Куратори на изложбата се писателите  Јордан Плевнеш и Венко Андоновски. Идејата за изложбата долги години е развивана заедно со Плевнеш, автор на краткиот роман „Осмото светско чудо“.

    „Проектот во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура ‘Обичен човек’ на Башески, но овојпат во поинаков материјал. Изборот на материјали за изградба на овој проект, како и конкретната форма на ‘Обичен човек’, тесно се поврзува со концептот на авторот“, вели организаторот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира