СЛАВНАТА СРПСКА ГЛУМИЦА БРАНКА КАТИЌ МЕЃУ ГОСТИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР

    СЛАВНАТА СРПСКА ГЛУМИЦА БРАНКА КАТИЌ МЕЃУ ГОСТИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ РУТА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАРКатиќ се врати од Лондон на театарската сцена во Белград со улогата во „Самрак на боговите“. (Фото: Д. Удовчиќ)

    Актерски ѕвезди од регионот, како српската актерка Бранка Катиќ и имиња познати на европските сцени ќе дојдат во Скопје, на 16. издание на Фестивалот РУТА, во Драмски театар, од 3 до 8 октомври. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана, Градско позориште Подгорица и Драмски театар. Фестивалот е основан во 2019 и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.

    Фестивалот отвора со премирата на Драмски, „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ. На 4 октомври доаѓа „Декамерон“ од Градско позориште Подгорица, режија на Дејан Пројковски, а на 5 октомври, Местно гледалишче Љубљана, со „Нора“ во режија на Витошевиќ.

    Камерни театар 55 од Сараево ја носи претставата „Син“, во режија на Дино Мустафиж на 6 октомври, а пак Београдско драмско позориште учествува со „Самрак на боговите“, во режија на Јагош Марковиќ, со Катиќ во екипата, на 7 октомври.

    Актерката Софија Куновска, македонски координатор за РУТА и директорката Викторија Рангелова-Петровска на денешниот прес. (Фото: СДК.МК)

    Фестивалот РУТА ќе затвори со „Отело“ на хрватскиот театар Улисис, во режија на Украинката Оксана Дмитриева.

    Директорката на Драмски, Викторија Рангелова-Петровска најави дека годинешната програма на РУТА тематски е разнолика, но сите претстави заедно имаат и заеднички именител, а тоа е потребата постојано да се потсетува за определени состојби и случувања кои никогаш не треба да се заборават.

    „Одново и одново да се потсетуваме на злосторствата на фашизмот за никогаш да не ги заборавиме траумите што ги носат војните, да бидеме свесни за позицијата на жената во општеството. Да се обидеме да ги почитуваме децата како би израснале во здрави индивидуи. Да се стремиме да ја победиме осаменоста и свеста за обземеноста во трката по пари и моќ како производ наметнат од конзумеристичкото општество во кое живееме“, рече директорката.

    Билетите се продаваат од денес, по цена од 1.000 до 1.200 денари од претстава, а блок-билетите, во зависност од тоа колку претстави се, чинат по 4.900 денари, 4.200 и 3.900 денари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира