СЛИКА НА МЕРИЛИН МОНРО ОД ВОРХОЛ СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 195 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    СЛИКА НА МЕРИЛИН МОНРО ОД ВОРХОЛ СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 195 МИЛИОНИ ДОЛАРИВорхол ја насликал сликата во 1964 инспириран од позната фотографија на Монро. (Фото: Гети)

    Прочуената слика на Мерлин Монро од Енди Ворхол е продадена на аукција за 195 милиони долари, и стана најскапото продадено уметничко дело од 20 век воопшто. Ворхол ја насликал сликата во 1964 инспириран од позната фотографија. Ова е и најскапо платено американско уметничко дело досега.

    Пред аукцијата во Њујорк, Кристи напиша дека сликата е „една од најретките и најтрансцендентни слики што постојат“, со продажна цена околу 200 милиони долари.

    Претходната рекордна цена за американско уметничко дело беше 110,5 милиони долари за сликата на Жан-Мишел Баскијат од 1982. Конечната цена за делото на Ворхол го урива претходниот рекорд за уметничко дело од 20-тиот век, поставен во 2015 кога слика на Пабло Пикасо од 1955 се продаде за 179,4 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира