СЛИКАРКАТА ЈАНА МАНЕВА-ЧУПОСКА Е НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ДЛУМ

    СЛИКАРКАТА ЈАНА МАНЕВА-ЧУПОСКА Е НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ДЛУММанева-Чупоска ќе раководи со ДЛУМ следниве 4 години. (Фото: Фејсбук)

    Сликарката Јана Манева-Чупоска е новата претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на денешното вонредно годишно собрание. Таа ќе раководи со ДЛУМ следниве 4 години.

    Манева-Чупоска е доктор од областа на етнологија и дизајн и редовна професорка на Факултет за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, дипломец на сликарство во класата на проф. Симон Шемов во 1996. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага.

    Членка е на ДЛУМ од 1997, учествува на самостојни и групни ликовни излагања во земјава и странство. Авторка e на книги од областа на ликовната уметност и дизајн и објавила меѓународни трудови во научни зборници од овие области.  Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Ќерка е на сликарот и филмски автор Коле Манев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира