СОЛЗИ ОД ТАГА И РАДОСТ ВО СЛАВА НА ТОМАЖ ПАНДУР ВО МНТ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОЛЗИ ОД ТАГА И РАДОСТ ВО СЛАВА НА ТОМАЖ ПАНДУР ВО МНТ ВО СКОПЈЕ

    Пандур направи Скопје една вечер  да има чувство дека е во Рајот, па макар и театрски. По својата шокантна смрт пред два месеци  на проба во МНТ, театарскиот сонувач  Томаж Пандур се врати во петокот вечер со својата последна претстава и пеколниот „Фауст“ на Словенско Народно Гледалишче од Љубљана, со која што порача оти Рајот е утопија.

    Сите беа и среќни и плачеа, и екипата од Словенија и публиката, во која беа актерите од поделбата на неостварената претстава на МНТ со Пандур, „Крал Лир“, гости од тетари од земјава и од регионот, многу други театарџии  и јавни личности. Долго стоечки се аплаудираше  на обраќањето на Ливија Пандур, драматург и соосновач на „ Пандур тиатрс“, сестра на светски познатиот режисер од Словенија, со живеалиште во Мадрид, Томаж Пандур (53), кога ја прими наградата од МНТ-фест, за придонесот на Пандур во светската театарска уметност од директорот Дејан Пројковски. И на свеченоста пред претставата и на претпладневниот прес таа со солзи во очите повтори дека е МНТ нејзин театарски дом. „Се плашев да дојдам, ми беше страв од овој простор, но како што велеше Томаж, се што ќе се случи  на сцена , не може да е повеќе истотото, па така и јас се чувствувам  по овој настан. Сега знам дека МНТ е мојот театарски дом“. Аплаузот кулминираше со фотографија од Пандур на видеобимот.

    Претставата почна и траеше помалку од три часа. Чиста и остра, која прецизно и директно говори за последиците откако  ќе ја продадеш душата на Ѓаволот. Актерите се носечки во естетиката на Пандур кои играат во базен со вода распослан  на целата сцена, има два огромни  ѕида или порти, музика и видеобим. Главно е се во црно-сива боја и црвено кога е потребна крв.

    Стоечките овации траеја долго, со измешани чувства на комеморативност и празник, особено кога на крајот на поклонот на видебимот се појави и фотографија на Томаж, кон која се сврте екипата и аплаудираше , како што потоа рекоа: „Заслужи и тој да се поклони“.

    Актерот кој го игра Фауст, Игор Самобор е и директор на СНГ-Драма-Љубљана вели: „Секоја реплика кога ја изговарам, мислам на Томаж, се е толку точно во овој Гетеов „Фауст“ на Пандур. Секоја минута се прашувам, а нема рационално објаснување-зошто сето ова вака мораше да биде-Фауст, во 1988 година, кога тој стана директор во Марибор, и Фауст за крај на неговиот опус. Што има во средината? Тој е Фауст, тој имаше склопено пакт со театрот, и немаше отстапки од тоа. Сите што го знаат, знаат дека се што има направено во театарот е изнедрено од најдлабокото во неговата личност“.

    Самобор  вели дека претставата е стара две години, и дека по многу успешната турнеја во Латинска Америка, од каде што Томаж дојде во Скопје, имаат договорено да гостуваат во Сеул, во Буенос Аирес, повторно во Јужна Америка на три фестивали, потоа во Пекинг,  Лондон, Париз, Берлин, во Мадрид.

     

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари