СРПСКИОТ РЕЖИСЕР ЕГОН САВИН ЌЕ ЈА ПОСТАВИ „ТАРТИФ“ ВО МНТ ЗА 29 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПО ДВЕ ПРЕТСТАВИ ЌЕ РЕЖИРААТ ХРИСТОВ, РИЈАНИ И БЕКТЕШИ

    СРПСКИОТ РЕЖИСЕР ЕГОН САВИН ЌЕ ЈА ПОСТАВИ „ТАРТИФ“ ВО МНТ ЗА 29 ИЛЈАДИ ЕВРА, ПО ДВЕ ПРЕТСТАВИ ЌЕ РЕЖИРААТ ХРИСТОВ, РИЈАНИ И БЕКТЕШИРезултатите од конкурсот за Годишната програма денеска ги претстави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. (Фото: СДК.МК)

    Претставата „Тартиф“ од Молиер во режија на Егон Савин од Србија, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) со 29.260 евра (1,8 милиони денари) е најскапа претстава за 2024 година, според резултатите од конкурсот за Годишната програма за национален интерес во културата.

    „Необична двојка“ на Нина Николиќ во Театар Комедија, со 19. 506 евра (1,2 милиони денари) е на второ место по висина на поддршка, а на трето  е „Ричард Трети“ на Куштрим Бектеши во Албански театар, со 18.908 евра (1 милион 165 илјади денари ).

    Резултатите денеска ги претстави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, истакнувајќи дека во системот се евидентирани 3.132 пријави.

    За драмска дејност има 64 одобрени проекти, со буџет од над 600 илјади евра (над 37 милиони денари).

    Во МНТ ќе режираат и Синиша Евтимов („Болва в уво“ од Жорж Фејдо) и Бојан Трифуновски со „Хенгинг араунд“ по текст на Љупчо Јованов.

    По две претстави ќе режираат Васил Христов (Драмски театар и Струмички театар), Ќендрим Ријани (Битолски театар и Турски театар во Скопје) и Куштрим Бектеши во Албански театар и во Тетовскиот театар.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира