СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА МОЌНАТА „НАБУКО“ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

    СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА МОЌНАТА „НАБУКО“ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ„Набуко“ во НОБ ја постави екипа од Италија со режисерот Ренато Бонајуто. (Фото: К. Попов)

    Со долги аплуази и овации уште за време на целата изведба па сѐ до крајот и поклонот, публиката во Националната опера и балет (НОБ) синоќа ѝ честиташе на екипата на операта „Набуко“ на отворањето на 51. Мајски оперски вечери (МОВ).

    Режисерот на „Набуко“, Ренато Бонајуто и неговата асистентка Тереза Гаргано. (Фото: К. Попов)

    Вердиевата опера, која кај нас последен пат е изведена пред шест години, ја маѓепса публиката со целата поставка, од изведба, режија, сценографија, костими. „Набуко“ е целосно спакувана претстава, со максимална кохезија, силни емоции, ја крена публиката и пружи навистина ретко уживање.

    Директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на НОБ Васко Ристов. (Фото: К. Попов)

    Најголеми аплаузи доби сцената со „Хорот на Евреите“ од третиот чин, кој важи за срцето на операта , како и Злата Тошевска, Игор Дурловски, Марјан Јованоски, Зоран Сотиров, Ирена Кавкалевска, Катерина Стојановска. Во претставата учестувуваат и Хорот и Оркестарот на НОБ, женскиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. 

    Директорката на Балетот Олга Панго (десно). (Фото: К. Попов)

    Операта во НОБ ја постави екипа од Италија, со режисерот Ренато Бонајуто и Тереза Гаргано како асистентка, сценографот Флавио Арбети и костимограф Артемио Кабаси. Диригираше Даниеле Аџиман од Италија.

    Катерина Стојановска како Ана и Игор Дурловски како Захарие. (Фото: К. Попов)

    Мајските оперски вечери ќе траат до 31 мај, до кога ќе се изведат и балетот „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски (12 мај), операта „Кармен“ на Жорж Бизе (17 мај), „Травијата“ од Верди (21 мај)„“, Реквием“ од Верди, каде што ќе свири Филхармонијата и Хорот на НОБ (26 мај) и „Аида“ за свеченото затворање. Со „Реквием“ на Верди ќе се одбележи и јубилејот 210 години од неговото раѓање.

    Фестивалскиот оган го запали диригентот Томислав Шопов. (Фото: К. Попов)

    Б. НЕСТОРОСКА

    (Фото: К. Попов)

     

    Легендарната оперска певица Милка Ефтимова. (Фото: К. Попов)

    (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира