„СТРАСТ ЗА ЛУТАЊЕ“ Е ТЕМА НА БИЕНАЛЕТО НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ КОЕ СЕ ОТВОРА УТРЕ ВО МСУ

    „СТРАСТ ЗА ЛУТАЊЕ“ Е ТЕМА НА БИЕНАЛЕТО НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ КОЕ СЕ ОТВОРА УТРЕ ВО МСУНа поставките ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници.(Фото: МСУ)

    „Страст за лутање“ (ˈwɒndəlʌst)  е темата на 13. Меѓународно биенале на млади уметници, кое се отвора утревечер во 20 часот во Музејот на современата уметност (МСУ). ˈwɒndəlʌst значи да се патува бесцелно од место до место.

    Годинашново Биенале, чиј организатор е МСУ, се проширува вон архитектурата на музејот, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природнонаучниот Музеј и зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, како примери за модернистичко архитектонско наследство на Скопје.

    „По утрешното отворање на Биеналето во МСУ, на 20 мај (четврток) публиката е поканета да ги погледне делата на млади уметници, кои ќе бидат изложени во Природнонаучниот музеј, додека на 21 мај (петок) ќе има отворање во Музејот на Македонија. Изложбената поставка во зградата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде отворена за посетители на 22 мај во 13 часот“, велат од МСУ.

    На поставките ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници. Селектирани се дела на уметници од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Аргентина, Турција.

    Со свои дела ќе се претстават: Дарко Алексовски, Стефан Анчевски, Мартин Волман, Сали Ертунч, Филип Ивановски Пепе, Методи Исков, Јован Јосифовски, Соња Јо, Ана Јовановска, Ресул Кабоглу, Никола Кекеровиќ, Ана Лазаревска, Николо Масини, Јулија Манојлоска, Ивана Мирчевска, Ана Марковска, Наташа Неделкова, Доротеј Нешовски, Мила Паниќ, Кристина Пулејкова, Никола Радосављевиќ, Дритон Селмани, Душан Стефановски, Бојан Стојкиќ, Милица Лазаревиќ Спировски, Ивана Самандова, Ана Трајковска, Адриен Ујхази, Елена Чемерска, Миа Чук и Зоран Шекеров.

    На сите настани ќе има музичка програма со диџеј сет на Мартина Пенева во МСУ, Ака Тесаур во Природнонаучниот музеј, Еми Ермилова во Музеј на Македонија и џез составот „Светлост“ во Управата за хидрометеоролошки работи.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира