СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, НО ВО СКРАТЕНА ФОРМА

    СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ И ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, НО ВО СКРАТЕНА ФОРМАГодинашниот добитник на Златниот венец Амир Ор ќе дојде во Струга следната година (Фото: А. Васиљевиќ)

    Пандемијата на коронавирусот нема да го спречи одржувањето на Струшките вечери на поезијата оваа година и еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали ќе го задржи својот вообичаен термин на крајот на август.

    Како што соопштија организаторите, сегашните околности дозволуваат на фестивалот да присуствуваат само домашните поети, а поканетите учесници од странство ќе бидат претставени преку видеочитања, кои ќе бидат составен дел од програмата. На таков начин ќе се обрати и годинашниот добитник на Златниот венец, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, 60. издание на СВП, кога тој ќе му биде врачен заедно со лауреатот за следната година.

    Програмата на фестивалот ќе се одвива во редуцирана форма од 28 до 30 август на покриената тераса на хотелот „Дрим“ и повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата и од помладата генерација ќе учествуваат на главните фестивалски читања.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира