СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ВЛАДЕАТ СО ГНЕВ И ЛАГИ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАНСКОТО ЖИРИ, ОСКАРОВЕЦОТ ИЊАРИТУ

    СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ВЛАДЕАТ СО ГНЕВ И ЛАГИ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАНСКОТО ЖИРИ, ОСКАРОВЕЦОТ ИЊАРИТУМексиканскиот режисер Алехандро Ињариту рече дека актуелната реторика околу имиграцијата, вклучувајќи го и најавениот ѕид на американско-мексиканската граница, може да предизвикаат нова светска војна (Фото: АП)

    Канскиот филмски вчера имаше „напнат старт“, откако претседателот на жирито, оскаровецот Алехандро Ињариту ги обвини светските лидери дека владеат со гнев и лаги. Мексиканскиот режисер рече дека актуелната реторика околу имиграцијата, вклучувајќи го и најавениот ѕид на американско-мексиканската граница, може да предизвикаат нова светска војна.

    „Проблемот што се случува е незнаење“, рече тој пред премиерата на зомби-комедијата на Џим Џармуш „Мртвиот не умира“ на 72. издание на фестивалот.

    Жирито на Кан: Робин Компилјо, Кели Рајхард, Павел Павликовски, Алехандро Ињариту, Маимоуна Н’Диаје, Ел Фенинг, Алис Рохрвахер, Енки Билал и Јоргос Лантимос (Фото: АП)

    „Јас сум апсолутно против сѐ што се случува низ светот и очекувам дека ќе се случи нешто што ќе ја спречи оваа опасност која може да нѐ врати во 1939. Знаеме како ќе заврши оваа приказна ако продолжимe со таа реторика“, рече Ињариту, режисерoт на „Повратник“.

    Говорејќи за климатските промени, тој кажа: „Светот се топи и овие момци буквално владеат со бес, гнев и лаги, пишувајќи фикции и ги тераат луѓето да им веруваат“.

    Селена Гомез, Бил Мареј, Тилда Свинтон и Џим Џармуш на премиерата на „Мртвиот не умира“ (Фото: АП)

    Педесет и петгодишниот режисер на прес-конференцијата  додаде: „Јас не сум политичар, но како уметник, можам да се изразувам преку мојата работа со отворено срце, и да останам верен на делото“.

    По неколку часа, филмот на Џармуш даде еден сатиричен поглед на светските лидери, осврнувајќи се на актуелните теми како климатските промени и имиграционите политики. Церемонијата од свеченото отворање симултано се пренесуваше во 600 киносали низ Франција.

    Фестивалот завршува на 25 мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари