„ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“ НА ОСТЛУНД Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ ВО 2022

    „ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА“ НА ОСТЛУНД Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ ВО 2022Филмот на Остлунд освои за најдобар филм, режисер и сценарис и за најдобар актер за Златко Буриќ од Хрватска; - Остлунд со другите добитници. (Фото: ЕФА)

    Сатирата „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд доминираше на 35. Европски филмски награди, освојувајќи ги наградите за најдобар филм, режисер и сценарист, како и за најдобар актер за Златко Буриќ од Хрватска. Кога Остлунд ја зеде својата награда за најдобар режисер, ја посвети на покојната главна актерка Чарлби Дин, која ненадејно почина во август на 32 години.

    Белгијката Вики Крипс ја доби наградата за европска актерка за нејзината изведба на царицата Елизабета од Австрија во „Корсаж“. Крипс рече: „Сакам да им го посветам ова на сите жени кои треба да се видат и слушнат, кои треба да се ослободат и да залечат од овие длабоки, длабоки рани што ги носевме со генерации и кои треба да ги залечиме за да можат мажите и жените можат повторно да здружат“.

    „Мариуполис 2“ ја доби наградата за документарен филм, која ја подигна ќерката на режисерот Мантас Кведаровичиус, кој беше убиен во Украина. Тоа беше најтрогателниот момент на вечерта.

    „Тој загина во еден вид несебичност што повеќето од нас не можат да се надеваат дека ќе го постигнат – доставување лекови на луѓето. Се чувствувам многу среќна што имав некој толку брилијантен во мојот живот“, рече таа.

    Најнезгодниот момент на вечерта беше кога наградата за најдобра комедија му беше доделена на „Добриот шеф“, во кој глуми Хавиер Бардем. Продуцентот Жаум Рурес, очигледно невозбуден, рече: „Ви благодариме за оваа награда, иако ‘Добриот шеф’ е драма, а не комедија“. Режисерот Фернандо Леон де Араноа ја засили поентата, велејќи: „Веројатно ја доделивте европската награда за комедија на најсериозните луѓе во салата“.

    Европско откритие – награда ФИПРЕСЦИ за најдобро деби доби „Мало тело“ на Лаура Самани, најдобар анимиран филм е „Забрането за кучиња и Италијани“ на Алан Угето, а „Сексуалниот живот на баба ми“ на Уршка Ѓукиќ и Емили Пигар е најдобар краток филм.

    Меѓу почестените беа режисерите Марко Белокио, кој ја доби наградата за европско иновативно раскажување, Елија Сулејман, добитник на наградата за европско достигнување во светската кинематографија и Маргарета фон Трота, добитничка на наградата за европско животно дело.

    За наградите, кои се одржаа во концертната сала Харпа во главниот град на Исланд, Рејкјавик, гласаа 4.400 членови на Европската филмска академија (ЕФА), а по две ковид години без публика, церемонијата беше гала со 1.200 гости.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира