УНЕСКО СТАВИ ДВА ЛОКАЛИТЕТИ ВО УКРАИНА НА ЛИСТАТА ЗАГРОЗЕНО СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО

    УНЕСКО СТАВИ ДВА ЛОКАЛИТЕТИ ВО УКРАИНА НА ЛИСТАТА ЗАГРОЗЕНО СВЕТСКО НАСЛЕДСТВОНа листата е прочуената катедрала „Света Софија“ во Киев. (Фото: АП)

    Комитетот за светско наследство на ОН денеска вброи два големи историски локалитети во Украина на својата листа на места за кои смета дека се во опасност. Прочуената катедрала „Света Софија“ во главниот град Киев и средновековниот центар на западниот град Лавов се места на светското наследство на УНЕСКО како централни за културата и историјата на Украина. Одлуката на Комитетот тие две да се стават на списокот на „загрозени“ локации нема механизам за спроведување, но може да помогне да се одвратат руските напади.

    Одлуката е донесена на 45. седница на Комитетот за светско наследство, што се одржува во Саудиска Арабија. Комитетот ја одржува Листата за светско наследство на УНЕСКО и го надгледува зачувувањето на локалитетите.

    Катедралата „Света Софија“ со златна купола, која се наоѓа во срцето на Киев, била изградена во 11 век и дизајнирана да ѝ парира на „Света Софија“ во Истанбул. Споменикот на византиската уметност ја содржи најголемата колекција на мозаици и фрески од тој период, а е опкружен со манастирски градби кои датираат од 17 век. Киевско-печерската лавра, позната и како Манастир на пештерите, е широк комплекс од манастири и цркви – некои под земја – кои биле изградени од 11 до 19 век. Некои од црквите се поврзани со лавиринтски комплекс од пештери кои се протегаат на повеќе од 600 метри. Двете локации на реката Днипро, на 15 минути возење едно од друго, се „ремек-дело на човечкиот креативен гениј“, според УНЕСКО, Организацијата за образование, наука и култура на ОН.

    Другото место е историскиот центар на Лавов, во близина на полската граница. Замок од 5 век гледа на улици и плоштади изградени помеѓу 13 и 17 век. Локалитетот вклучува синагога, како и православни, ерменски и католички религиозни згради, кои ја одразуваат различноста на градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира