УНГАРСКАТА КОМЕДИЈА „УБИЈЦИ НА ТРКАЛА“ ПОБЕДИ НА СОЛУН ФИЛМ ФЕСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Солун,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УНГАРСКАТА КОМЕДИЈА „УБИЈЦИ НА ТРКАЛА“ ПОБЕДИ НА СОЛУН ФИЛМ ФЕСТ

    (Специјално од Солун за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова)

    „Убијци на тркала“, урнебесната комедија што е втор филм на унгарскиот автор Атила Тил, го освои Златниот Александар на 57. Филмски фестивал во Солун, што заврши синоќа. Филмот е за една банда момци приковани за инвалидска количка кои ќе ги понудат своите услуги како атентатори на мафијата и сите перипетии и лични драми што притоа ќе се случат. Ова е веројатно првпат комедија да победи на најголемиот регионален фестивал чија официјална селекција е од дебија или втори филмови на авторите.

    Жирито на чело со еден од најреномираните ирански автори Амир Надери додели Специјална награда Сребрен Александар за „Камено срце“ на исландскиот автор Гудмундур Арнар Гудмундсон, топла драма за љубов и другарство и за откривање на хомосексуалноста во едно тинејџерско друштво во забито исландско село.

    Жирито на чело со еден од најреномираните ирански автори Амир Надери (Фото: ТИФФ)

    Жирито на чело со еден од најреномираните ирански автори Амир Надери (Фото: ТИФФ)

    Специјалната награда за најдобар режисер Бронзен Александар освои јапонскиот „Сејачот“ на Јиосуке Такеучи, потресна приказна за момче кое излегува од душевна болница по три години и чиј живот драматично ќе биде влијаен од трагичен настан во местото каде што живее.

    Наградата на филмската критика ФИПРЕСЦИ ја доби британскиот дебитант Вилијам Олдројд за „Леди Магбет“, одлично одиграна драма за трансформацијата на млада девојка, која по несреќната мажачка и вонбрачната страст се претвора во монструозен убиец.

    Годинашното 57. издание на Солун имаше една од послабите селекции за награди, што е веројатно резултат на новото раководство кое стапи на сила неколку месеци пред фестивалот. Сепак, голем успон има програмата Балкански преглед, каде речиси сите прокеции беа распродадени. Солун има една од најверните и најмлади публики од сите светски фестивали, и за тие 12 фестивалски дена градот буквално дише со филмовите, а е центар и за филмска соработка на автори кои често го надминуваат регионот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира