ВАЈАРОТ ЖАРКО БАШЕСКИ НА 2 ОКТОМВРИ ОТВОРА ИЗЛОЖБА ВО БЕЛГРАДСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

    ВАЈАРОТ ЖАРКО БАШЕСКИ НА 2 ОКТОМВРИ ОТВОРА ИЗЛОЖБА ВО БЕЛГРАДСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТИзложбата е насловена „Корпореалнос“. (Фото: Национална галерија на Македонија)

    Македонскиот уметник Жарко Башески на 2 октомври ќе ја отвори изложбата „Корпореалност“ во Музејот на современа уметност (МСУ) во Белград. Изложбата се организира по потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Музејот на современа уметност во Белград и Националната галерија на Македонија (НГМ).

    „Самостојното претставување на проф. Жарко Башески токму во галерискиот простор во Музејот на современа уметност е навистина уметнички подвиг и го покажува интересот за неговиот хиперреалистичен пристап во оформувањето на делата, кои ни зборуваат за човекот и за светот во кој што живееме. Преку своите реални претстави на постоењето, уметникот Башески нè воведува во често предизвикувачки елементи од реалноста, кои понекогаш и не можеме толку лесно да ги забележиме со обичен поглед кон прикажаното. Во неговите високоценети скулптури се испреплетуваат повеќе концепти, со современ поглед на човековата состојба преку самонабљудување, со употреба на нови материјали и со филозофски пристап при моделирањето и изработката. Сите тие елементи нудат повеќеслојно читање на уметничкото дело“, вели кустостот Маја Крстевска.

    Оттаму најавуваат дека во 2027 изложбата на Башески ќе биде отворена во еден од објектите под нивна надлежност.

    Башески е истакнат вајар, професор и дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), кој во 2011 ја претставуваше Македонија на Венециското биенале за уметност.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира