ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 1 ЈУЛИ ВО СКОПЈЕ

    ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 1 ЈУЛИ ВО СКОПЈЕПоследниот поголем коцерт на Јаневски беше заеднички со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во полната сала „Борис Трајковски“ во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Погребот на пејачот и кантавтор Владо Јаневски, кој почина вчера по кусо боледување во Скопје, ќе се изврши на 1 јули од 10 до 11 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, објави „Авалон“. Од продукцијата велат дека добиле информација од семејството на Владо Јаневски и презеле обврска да ја споделат со јавноста.

    „Сите кои ќе сакаат да се збогуваат со Владо за последен пат, ќе можат тоа да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел на 1 јули од 10 до 11 часот. Погребот ќе следи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Има нешто посилно од сѐ“, велат од „Авалон“.

    „Авалон“ беше организатор на последниот поголем коцерт на Јаневски, заеднички со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во полната сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Две недели по тој концерт, Јаневски на „Златна бубамара на популарнста“ ја доби наградата за трајни музички вредности.

    Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Има издадено шест студиски албуми, зад кои стојат бројни големи хитови, како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и многу други. Претходно беше пејач во групата и „Ластовица“ и тапанар во „Бон тон“.

    Тој беше првиот македонски претставник на Евровизија со песната „Не зори зоро“ во 1998. Беше и меѓу деветтемина добитници на титулата амбасадор на културата.

    Последните неколку години живееше во Гевгелија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира