ЗАБРАНЕТА ПРЕТСТАВАТА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАБРАНЕТА ПРЕТСТАВАТА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

    Фестивалот „Браќа Манаки“ ја откажа изведбата на перформансот кој беше предвиден за затворањето на фестивалската вечер во сабота, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски.

    Забраната за перформансот се случи на помалку од 24 часа од свеченото затварање, кога уметниците без образложение биле известени од организаторите дека се откажува изведбата.

    Поради страв од слободата и алудирањата на сексуалниот чин, цензуриран е труд што беше подготвен во експресно време во лоши услови и со беден надомест за актерите“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски

    „Се што е човечко мене не ми е туѓо. Тоа е правило уште од Римјаните и функционира насекаде, во сите времиња и општества освен кај нас и во некои други фашистички општества“, вели режисерот Мартин Кочовски

    Режисерот Кочовски вели дека нивниот труд е забранет заради притисоци од политички кругови и конзервативната јавност. „Под силен притисок од политички кругови и од конзервативната јавност, самата организација на фестивалот „Браќа Манаки“ одлучи да не се случи изведбата. Таа требаше да се базира на слободата во живеењето, особено кај младите луѓе. Тоа требаше да го коментира преку осознавање на сексуалноста, преку слободата во својата приватна и природна сексуалност во еден широк контекст. Поради страв од овие теми и алудирањата на сексуалниот чин, цензуриран е труд што беше подготвен во експресно време во лоши услови и со беден надомест за актерите“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски и коавторот Горјан Милошевски.

    Перформансот го подготвуваа екипа актери од Прилескиот и од Битолски театар, актери кои не се вработени и сосема ентузијастички влегуваа во целиот процес, како и гимназијалци од Битола заедно со режисерот Кочовски, коавторот Горјан Милошевски и сценографот Филип Јовановски.

    Перформансот „Циклуси на животот“ подготвен од истата екипа кој беше изведен на отворањето на „Манаки“ крена голема прашина во јавноста. Некои го оценија како контраверзен заради тоа што имало голи актери на сцената, а во публиката бил претседателот Ѓорге Иванов и други видни гости. Други пак го доживеаја како уметност која се бори со предрасудите и најавува ново време на вистински културни вредности.

    manaki-otvaranje-martin-kocovski-2016

    Поради страв од слободата и алудирањата на сексуалниот чин, цензуриран е труд што беше подготвен во експресно време во лоши услови и со беден надомест за актерите“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски – сцена од перформансот со кој се отвори фестивалот „Браќа Манаки“

    Забраната за изведба на перформансот доаѓа по изјавата на Кочовски дадена за локалната телвизија „Тера“ во која тој вели дека нема да се занимава со неписмените луѓе и дека му пречи лицемиерието во граѓанското општество.

    „Лицемерието на граѓанското општество во Македонија исклучително ме провоцира и ова беше одговор на сето тоа. Лицемерието на правење  култура во Македонија, исклучително ме провоцира и морам да се реванширам како уметник. Дури и сум должен зашто тоа ми е професијата. Тоа е еден вид одговор на неписменоста и стравот од човечките работи. Се што е човечко мене не ми е туѓо. Тоа е правило уште од Римјаните и функционира насекаде, во сите времиња и општества освен кај нас и во некои други фашистички општества“, рече режисерот Мартин Кочовски кому во петокот вечер му беше забранет перформансот со кој требаше да се затвори годинашниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира