ЗАМИСЛЕНИОТ ГРАД „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ОД ВЕНЕЦИЈА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ

    ЗАМИСЛЕНИОТ ГРАД „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ОД ВЕНЕЦИЈА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ

    Градски настан како што се нема одамна случено беше синоќешното отворање на изложбата на проектот „Ничија земја“ на група архитекти од  студиото „Стоун дизајн“ со кој Македонија лани учествуваше на Венециското биенале за архитектура, во Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ).

    Групата македонски архитекти кои одлично поминаа во Венеција, и кои со „Ничија земја“ во угледното италијанско списание „Ел декор“ беа вброени меѓу 7-те топ павилијони на Биеналето се: Стојан Павлески (куратор), Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски. Комесар е Иванка Апостолова (Фото: Ѓ. Личовски)

    Венециската смотра се отвора на крајот во мај, а завршува во ноември, па “Градот во огледало“, како што уште го нарекуваат проектот, еве го набрзо пред македонската јавност, што е реткост за наши прилики.

    МСУ беше преполн долго во снежната скопска ноќ, а публиката се шеташе низ тунелот со огледала во кои се сместени препознатливи објекти од светската архитектура изработени во материјал налик на теракота, се гледаа во огледалата, размислуваа за градот и за миграциите, што беше тема на последното Биенале во Венеција и на кураторот Алехандро Аравена од Чиле, „Миграции: Извештај од фронтот“.

    Публиката се шеташе низ тунелот со огледала во кои се сместени препознатливи објекти од светската архитектура изработени во материјал налик на теракота, се гледаа во огледалата, размислуваа за градот и за миграциите, што беше тема на последното Биенале во Венеција (Фото: Ѓ. Личовски)

    Групата македонски архитекти кои одлично поминаа во Венеција, и кои со „Ничија земја“ во угледното италијанско списание „Ел декор“ беа вброени меѓу 7-те топ павилијони на Биеналето се: Стојан Павлески (куратор), Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски. Комесар е Иванка Апостолова.

    Тунелот е изработен од лимен инокс и е долг 15 метри, на влезот е висок  2 ипол метри, а на средината е речиси 4 метри. Концептот е дека тој е замислен град во кој посетителите се збунети од неговата завиена форма, и не знаат дали има излез, а потоа и од објектите кои ги среќаваат одејќи низ градот, среќаваат градби од светските метрополи, не знаат каде се, а од друга страна среќаваат познати фрагменти од местата од каде што доаѓаат. Велат: “Тоа го носат миграциите, градот е сечија и ничија земја“.

    Од друга страна, во каталогот архитектот Имало Калвино се запрашува, што е денес градот, за нас. Па вели дека можеби се приближувме кон криза на урбаниот живот, што би значело друга страна на кризата на природата.

    Амбасадорoт на САД Џес Бејли со сопругата во публиката (Фото: Ѓ. Личовски)

    Амбасадорoт на САД Џес Бејли со сопругата во публиката (Фото: Ѓ. Личовски)

    Македонките архитекти со овој проект храбро излегоа на светска сцена и се прашаа колкава треба да е волјата да се има сила за модерен номад / мигрант, или да се биде горд граѓанин на земјата која е сечија и ничија.

    Павилјонот, тунелот на замислениот град во огледала, „Ничија земја“, по затворањето на изложбата ќе биде поставен во дворот на МСУ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари