ЗАСИТЕН ОД ВОЈНАТА И ОД ТИТО, ТЕМПО ПОЧНАЛ ДА СОБИРА СЛИКИ – ЗБИРКАТА ВУКМАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАСИТЕН ОД ВОЈНАТА И ОД ТИТО, ТЕМПО ПОЧНАЛ ДА СОБИРА СЛИКИ – ЗБИРКАТА ВУКМАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

    Во Националната галерија на Македонија – Мала станица во тек е изложбата „Епизоди на модернизмот-избор од колекцијата Вукмановиќ“, како реципрочна соработка со Народниот музеј на Црна Гора во Цетиње.

    Револуционери, политичари, интелектуалци од поранешната Југославија, брачниот пар Светозар Вукмановиќ-Темпо и неговата сопруга Милица Сариќ се запознале во Македонија во 1943 година, каде што тогашната Комунистичка партија на Југославија и Тито, во одделни задачи ги пратиле за да ја поврзат Комунистичката партија на Македонија со КПЈ. По Втората светска војна, од која Темпо излегува како народен херој, кој потоа станува близок соработник на Тито и извршува високи политички функции, а Милица се оддава на научна работа, тие сосема случајно почнуваат да ја создаваат својата уметничка колекција.

    Збирката на Вукмановиќ ги содржи сите релевантни автори од повоениот период на  поранешна Југославија и таа е бисер за историчарите на уметноста кои постојано имаат нови анализи. Во неа има и странски автори, цртежи од Пикасо, Шагал, Ривиера, Дали, Реноар, како и од големите поддржувачи на комунизмот, Мексиканецот Сикериос и Италијанецот Гутусо. Кустосот од Народниот музеј во Цетиње, Љиљана Караџиќ вели дека е ова разновидна и егзотична збирка која е настаната со многу љубов и разбирање кон уметноста, и дека како угледни интелектуалци и политичари Милица и Темпо  доста патувале, нешто од странство купувале, нешто добивале на подарок, но факт е дека со многу и од странските уметници биле лични пријатели.

    Колекцијата од 224 дела Вукмановиќ во 1965 година ја подарија на Музејот во Цетиње, а ги содржи сите релевантни автори од повоениот период на поранешна Југославија, како и цртежи од Пикасо, Шагал, Ривиера, Дали, Реноар, Сикериос и Гутусо; - литографијата „Револуција“ од Марк Шагал.

    Колекцијата од 224 дела Вукмановиќ во 1965 година ја подарија на Музејот во Цетиње, а ги содржи сите релевантни автори од повоениот период на поранешна Југославија, како и цртежи од Пикасо, Шагал, Ривиера, Дали, Реноар, Сикериос и Гутусо; – литографијата „Револуција“ од Марк Шагал.

    Во Скопје се изложени 27 автори од колекцијата на Вукмановиќ.

    Првата слика е роденденски подарок од Милица за Темпо во 1952 година,  а на неа се насликани риби во приморски амбиент,  од Мило Милуновиќ.

    „Сликата ми привлече внимание, па отидов да го запознаам Милуновиќ. Во неговото ателје запознав цел морски свет. Риби, ракови, октоподи. Морето и копното имаа најразовидни бои. Дотогаш јас го гледав морето како нешто што не се менува, и има иста боја. Кога следното лето отидовме на Црногорското приморје (каде што е роден Темпо, н.за.) со часови и денови ја гледав чудесната игра на боите, а морето и копното се менуваа од момент во момент. Потоа се запознав и со Лубарда, кој ги сликаше брдата и црногорскиот крш, но им даваше живот. Тоа веќе не беа брдата покрај кои поминував безброј пати и кои ми беа постојано исти. Во сликите на Лубарда постоеше друг свет, полн со живот“, зборува Темпо во монографијата посветена на колекцијата од 224 дела кои тој со својата сопруга во 1965 година ја подарија на Музејот во Цетиње.

    За колекцијата Вукмaновиќ се пишува од разни аспекти, а еден од нив е дека Милица и Темпо во средината на 50-тите години од минатиот век идеолошки се разидуваат со Тито и  се вртат кон уметноста, кон дружење со сликари и писатели, поддржуваат уметност што тогаш се создава, а која ги кине врските со соцреализмот и фаќа модерен правец.

    Во предговорот на монографијата се вели дека Вукмановиќ рано увиделе оти уметноста станува  засолниште  на јасни и прецизни вредности и на духовност која носи нова револуционерност. Ја поддржувале уметноста со свои пари, одлучувајќи сите хонорари на Темпо да одат за слики, како и платата на Милица, која уште како млада белградска скоевка тајно, вели  дури криејќи од самата себеси, ги сакала импресионистите Ван Гог и Сезан, знаејќи дека не се актуелни во тогашниот СССР.

    Живееле во неколку куќи, најголемата на Дедиње во Белград, па во помала, а откако се преселиле во Црна Гора се договореле колекцијата да ја подарат во градот од детството на Темпо, кој на 88 години почина во 2000-та година.

    СИН МУ НА ТЕМПО ВО МАЛА СТАНИЦА

    Ненајавено и изненадувачки за организаторите на скопската изложба, Националната галерија и Музејот од Цетиње беше присуството на отворањето во Мала станица, во петокот, на еден од двата сина Вукмановиќ, Зоран. Не разбравме од каде точно доаѓа, дали од регионов или од странство каде што како бизнисмен долго живеел.

    Зоран Вукмановиќ, еден од двата сина на Темпо, ненајавено дојде на отворањето на изложбата од колекцијата на неговите родители во Мала станица во Скопје

    Зоран Вукмановиќ, еден од двата сина на Темпо, ненајавено дојде на отворањето на изложбата од колекцијата на неговите родители во Мала станица во Скопје

    Срдечен, но нерасположен за медиуми, Зоран сепак ни кажа дека е самиот колекционер и оти некои од уметниците како пријатели ги наследил од неговите родители.

    „Секогаш кога можам одам да ја посетам изложбата на оваа колекција, каде и да се поставува“, рече Вукмановиќ кој штотуку во Белград си купил ново дело од Личеноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира