ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „НА АДАМАНТ“ НА НИКОЛА ФИЛИБЕ

    ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ „НА АДАМАНТ“ НА НИКОЛА ФИЛИБЕ„На Адамант“ на режисерот Никола Филибе е за париска пловечка дневна болница за луѓе со ментална болест. (Фото: Берлинале)

    Францускиот документарен филм „На Адамант“ на режисерот Никола Филибе ја доби престижната Златна мечка за најдобар филм на 73. Берлинале. Филмот ги носи гледачите на бродот на Сена во Париз кој служи како пловечки дневен центар за возрасни кои страдаат од ментални нарушувања.

    „Тоа што документарен филм се наградува и слави, дека документарецот може да се смета за филм сам по себе, длабоко ме допира“, рече видно трогнат Филибер, примајќи ја наградата за која одлучи меѓународното жири на чело со американската актерка Кристен Стјуарт.

    Филибер рече дека во филмот се обидел да ја „преврти сликата“ што луѓето ја имаат за оние со ментална болест и да им дозволи на гледачите да видат „што нè обединува надвор од нашите разлики“.

    „Како што сите знаеме, најлудите луѓе не се оние што мислиме дека се“, додаде тој.

    Сребрена мечка доби „Лош живот“ на Жоао Канихо. Сребрена мечка за најдобра режија доби францускиот режисер Филип Гарел за „Големата кола“ за тројца браќа и сестри кои се обидуваат да го одржат во живот семејниот бизнис со кукли.  Сребрена мечка – Гран при доби „Афире“ од германскиот режисер Кристијан Пецолд.

    Наградата Сребрена мечка за најдобра улога ја доби осумгодишната Шпанка Софија Отеро, која игра трансродово дете во „20.000 видови пчели“, дебито на Естибализ Уресола Солагурен.

    Наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ, со чие жири годинава претседаваше македонската критичарка Гена Теодосиевска, е доделена на четири филма: „Опстанокот на добрината“ на австралискиот ветеран Ролф де Хер во главната конкуренција, „Овде“ на Белгиецот Бас Девос во селекцијата Средби, данскиот „Тивката миграција“ на Малене Чои во Панорама и романскиот „Помеѓу револуциите“ на Влад Петри во Форум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира