ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА РОМАНСКИОТ „НЕ ДОПИРАЈ МЕ“, ДЕБИ ЗА СЕКС И ИНТИМНОСТ СО МНОГУ ГОЛОТИЈА

    ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА РОМАНСКИОТ „НЕ ДОПИРАЈ МЕ“, ДЕБИ ЗА СЕКС И ИНТИМНОСТ СО МНОГУ ГОЛОТИЈА„Не допирај ме“ е прв филм на романската авторка Адина Пинтилие (во средината); - со Златаната мечка и дел од екипата (Фото: АП)

    „Не допирај ме“, провокативен филм за сексуалноста и интимноста, со долги делови голотија, ја освои Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал што заврши вечерва. Драмата на романската режисерка Адина Пинтилие е изненадувачки избор од жирито на Берлиналето на чело со германскиот режисер Том Тиквер.

    Убедливото деби, што следи 50-годишна жена со проблеми за интимност која плаќа за момче, за сексуален терапевт, па оди дури и во свингерски клуб додека ја истражува сексуалноста, секако не беше сигурен избор.

    „Сакавме да доделиме награди не само за она што филмот може да го направи и каде што е, туку каде може да оди во иднина”, рече Тиквер објаснувајќи ја одлуката на жирито.

    Сребрената мечка ја освои „Лице”, трагикомедија од полската режисерка Малгоржата Шумовска, за човек кој се соочува со предрасуди во мал град откако е прв Полјак со трансплантација на лице.

    Наградата за најдобра режија ја освои Вес Андерсон за „Островот на кучињата“, со кој се отвори Берлинале.

    Парагвајската драма „Наследниците” на Марсело Мартинези освои две награди, Сребрена мечка – Алфред Бауер именувана по основачот на фестивалот, и за најдобра актерка за Ана Брун, која игра средовечна геј жена.

    Најдобар актер е Французинот Ентони Бајон за главната улога во „Молитвата“ на Седрик Кан, каде што игра млад зависник од хероин кој се свртува кон молитва и монашки начин на живот за да се бори против неговата зависност.

    „Довлатов“ на Алексеј Герман Помладиот, интимен поглед на една недела во животот на рускиот романсиер Сергеј Довлатов, освои Сребрена мечка за извонреден уметнички придонес за костимографијата на Елена Окопнаја, која го реконструира ноември 1971 година во Ленинград.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира