ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ФРАНЦУСКИОТ „ТИТАН“ НА ЖУЛИЈА ДУКУРНО

    ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ФРАНЦУСКИОТ „ТИТАН“ НА ЖУЛИЈА ДУКУРНОДукурно ја прими Златната палма за најдобар филм од холивудската ѕвезда Шерон Стоун. (Фото: Гети)

    Филмот „Титан“ на француската режисерка Жулија Дукурно ја доби Златната палма на 74. Кански филмски фестивал, кој завршува вечерва. Ова е првпат режисерка да ја освои Златната палма по 1993 кога победи Џејн Кемпион со „Пијано“.

    Филмот, кој е второ дело на Дукурно, е приказна за млада жена убиец која се секса со коли оти како дете преживеала сообраќајка. „Титан“ ја подели критиката и се смета за еден од најшокантните филмови што воопшто играле на фестивалот.

    Годинава, исто така за првпат, режисерки победија и во сите други селекции на Кан, во Извесен поглед победи Кира Коваленко со „Опуштени тупаници“, а Хрватката Антоанета Аламат Кусијановиќ освои Златна камера за најдобро деби.

    Македонската режисерка Марија Апчевска со филмот „Северен пол“ беше во трка во официјалната селекција за Златна палма за краток филм, но наградата ја доби кинеската режисерка Танг Ји за филмот „Сите гаврани на светот“.

    Гран-при на жирито ја делат иранскиот режисер Асгар Фархади а „Херој“ и финскиот режисер Јухо Кусманен за „Оддел бр. 6“. Најдобар режисер е Французинот Леос Каракс за филмот „Анет“.

    Режисерите Надав Лапид од Израел за „Коленото на Амед“ и Апичатпонг Верасетакул од Тајланд за „Меморија“ добија рамноправно награда од жири.

    Режисерите на 10-те кратки филмови во конкуренцијата за Златна палма на црвениот килим пред свеченото доделување на наградите и затворањето на Фестивалот. – Апчевска е втора од лево. (Фото: Гети )

    Кејлеб Лендри Џонс е најдобар актер за улогата во австралискиот „Нитрам“ на Џастин Курцел, а Норвежанката Ренате Реинсве е најдобра актерка во „Најлошиот човек во светот“.

    Холивудскиот режисер Спајк Ли годинава беше претседател на жирито, во кое беа и Мајлин Фармер, Клебер Мендоха Фило, Меги Џиленхал, Џесика Хауснер, Мати Диоп, Мелани Лоран, Тахар Рахим и Ханг-Хо Сонг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира