ЗОМБИ ФИЛМОТ НА ЏАРМУШ „МРТВИОТ НЕ УМИРА“ ЌЕ ГО ОТВОРИ КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ЗОМБИ ФИЛМОТ НА  ЏАРМУШ „МРТВИОТ НЕ УМИРА“ ЌЕ ГО ОТВОРИ КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛЏармуш последен пат во Кан беше во 2016 со „Патерсон“ (Фото: Гети)

    Новиот филм на режисерот Џим Џармуш „Мртвиот не умира“ ќе го отвори годинашниот Кански филмски фестивал. Филмот е комедија, за зомби кои ќе се борат со локалните полицајци Бил Мареј, Клое Севињи и Адам Драјвер. Филмот, кој ќе се натпреварува за главната награда Златна палма, ќе го отвори фестивалот на 14 мај, и од истиот ден ќе има кинодистрибуција во Франција. Во САД и останатите земји ќе игра од јуни.

    Во филмот играат некои од најчестите соработници на Џармуш: Тилда Свинтон, Селена Гомез, Стив Бушеми, Рози Перез, Дени Гловер, Иги Поп и Том Веитс.

    Џармуш доби Златна камера во Кан во 1984 за „Почудно од рајот“, а последен пат во Кан беше во 2016, со „Патерсон“. Меѓу останатите негови филмови кои премиерно се прикажале во Кан се „Скршени цвеќиња“ со Мареј и Свинтон, како и „Само љубовниците преживуваат“, „Дух куче: патот на самурајот“, „Мртовец“, „Мистериозен воз“ и „Надвор од законот“. За „Кафе и цигари: некаде во Калифорнија“ во 1993 доби Златна палма за краток филм.

    Годинава претседател на жирито ќе биде четирикратниот оскаровец Алехандро Ињариту. Фестивалот ќе трае до 25 мај, а меѓу останатите наслови за кои се шпекулира дека ќе се прикажат се: „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Рокетмен“ на Декстер Флечер и „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино. Нема да се прикажуваат филмови на „Нетфликс“, бидејќи уметничкиот директор на фестивалот Тиери Фремо и директорот на „Нетфликс“ не постигнаа компромис околу тоа дали нивните филмови ќе може да се натпреваруваат во официјалната програма.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари