ЗОРИЦА НУШЕВА НАЈДОБРА АКТЕРКА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТИРАНА ЗА УЛОГАТА НА ПЕТРУНИЈА

    ЗОРИЦА НУШЕВА НАЈДОБРА АКТЕРКА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ТИРАНА ЗА УЛОГАТА НА ПЕТРУНИЈАНаградите за најдобра актерка и најдобар филм за „Петрунија“ на свеченоста во Тирана ги примија Зорица Нушева и Џевдет Јашари (Фото: Продукција „Сестри и брат Митевски“)

    Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска доби две награди на Филмскиот фестивал Деа во Тирана: за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога за Зорица Нушева. Фестивалот траеше од 2 до 8 мај. Наградите на свеченоста во Тирана ги примија актерите Нушева и Џевдет Јашари.

    Одлуката за наградите ја донесе петчлено жири на чело со Клаудија Лансгенберг од Холандија.
    Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ велат дека „Петрунија“ во текот на месецов ќе биде претставен уште на два фестивали во Романија и во Украина.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари