20 СТИПЕНДИИ ОД ЕУРОЛИНК ЗА СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

    20 СТИПЕНДИИ ОД ЕУРОЛИНК ЗА СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТПретседателката на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“ Олга Костовска со стипендистите од Правниот факултет „Јустинијан Први“.

    „Еуролинк осигурување“ додели 20 стипендии на талентирани студенти од Правниот факултет ,,Јустинијан Први“ од Скопје, наменети да ги покријат трошоците за кофинансирање на студиите, соопшти осигурителната компанија. За стипендиите на „Еуролинк“ аплицираа студенти на додипломски и постдипломски студии од сите насоки на Правниот факултет ,,Јустинијан Први’’.

    Стипендиите на студентите им ги додели Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на „Еуролинк осигурување“, во просториите на компанијата.

    „Продолжуваме и понатаму да инвестираме во младите и перспективни студенти, да ги поттикнеме да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски, своето семејство, да ја негуваат хуманоста во себе, а Еуролинк осигурување и понатаму ќе продолжи да биде нивна поддршка, ќе придонесува во образованието и ќе ги поддржува младите луѓе, се со цел да им се овозможи поквалитетно образование како основа за создавање на квалитетни професионалци и квалитетно општество“, изјави Костовска.

    Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност – „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари