21-ГОДИШНИОТ БОБО СТАНКОВИЌ ЕДЕН ОД ДЕСЕТМИНАТА СТУДЕНТИ КОИ ДОБИЈА НАГРАДА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ПРИНСТОН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДУХОТ

    21-ГОДИШНИОТ БОБО СТАНКОВИЌ ЕДЕН ОД ДЕСЕТМИНАТА СТУДЕНТИ КОИ ДОБИЈА НАГРАДА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ПРИНСТОН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДУХОТСкопјанецот Станковиќ на крајот на мај ќе дипломира на студиите за јавна политика на еден од најпрестижните факултети во светот. (Фото: Приватна архива)

    Дваесет и едногодишниот скопјанец Бобо Станковиќ е четврта година на студиите за јавна политика на Универзитетот Принстон во САД, и деновиве беше еден од десетмината студенти кои ја добија наградата „Духот на Принстон“. Секоја година, се избираат десетина студенти кои на некои начин го претставуваат духот на Принстон, еден од најпрестижните и најценети факултети во светот, кој постои 274 години, и брои 60 нобеловци.

    Студентите кои ја добија наградата, ја заслужиле со тоа што помагале како тутори, тренирајќи како спортисти, и работејќи да ги подобрат сопствените заедници. Станковиќ работел како бариста во студенсткото кафуле и како туристички водич.

    Наградата, како што стои на официјалната страна на факултетот, ја добиваат оние кои ќе покажат „силна посветеност за да го надоградат искуствотото преку посветена работа во студентски организации, спорт, општествено корисна работа, религија и уметности“.

    Станковиќ првите две години од средното образование ги поминал во ПСУ „Јахја Кемал Колеџ“ во Скопје. Кога имал 16 години добил стипендија за да го заврши средното образование во еден од 18. Светски Обединети колеџи (United World Colleges) во Германија.

    Можностите на Принстон се уникатни, вели Станковиќ. Професорите се посветени и секогаш подготвени да разговараат со студентите, а со менторите кои му се најблиски, често одел на прошетка или на кафе. (Фото: Приватна архива)

    „Тоа е образовно движење кое цели да поврзе ученици од целиот свет, 100-те соученици во мојата генерација во Фрајбург доаѓаа од повеќе од 65 држави. Искуството таму ме оформи како човек“, вели Бобо за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Кога дошло време за факултет, знаел дека единствениот начин да студира во САД бил ако добие стипендија. „За среќа, буџетот на Принстон е речиси два пати поголем од бруто домашниот производ на Македонија, па, кога ме примија, одлуката беше прилично лесна.

    Образованието на Светските Обединети колеџи ми покажа колкава улога среќата играше во моето искуство, а пример, фактот дека јас сум роден во семејство полно со грижа беше тотално надвор од мојата контрола, а толку ми има помогнато. Затоа, ме интересираше да истражувам како институциите можат да ја намалат потребата за среќа, и одлучив да студирам јавна политика“, додава тој.

    Можностите на Принстон се уникатни, вели Станковиќ. Професорите се посветени и секогаш подготвени да разговараат со студентите, а со менторите кои му се најблиски, често одел на прошетка или на кафе. На универзитетот има повеќе од 300 студентски организации, и нему, вели, му било задоволство постојано да запознава нови луѓе, дали како бариста во студентското кафуле, како туристички водич, или како основачот (и единствениот член) на Македонскиот клуб на Принстон.

    „Затоа е толкава чест и задоволство да бидам номиниран за наградата ‘Духот на Принстон’. Секоја година, се избираат десетина студенти кои на некои начин го претставуваат духот на универзитетот. Колегите кои со мене ја добија наградата се извонредни – помагајќи како тутори, тренирајќи како спортисти, и работејќи да ги подобрат сопствените заедници“, вели апсолвентот.

    Студентите кои ја добија наградата, ја заслужиле со тоа што помагале како тутори, тренирајќи како спортисти, и работејќи да ги подобрат сопствените заедници. (Фото: Приватна архива)

    Ќе дипломира на крајот на мај. Традиционално, универзитетот организира тридневна церемонија, со говори и прослави. Годинава, бидејќи сите го напуштија кампусот поради пандмеијата на коронавирусот, ќе имаат мала дипломска онлајн церемонија.

    „Се надевам дека ќе се остварри најавата за поголема церемонија во мај наредната година.

    По дипломирањето, при крајот на летово, ќе заминам во Пекинг на магистерска програма по политика (секако, во зависност од ситуацијата со вирусот). Потоа, планирам да се вратам во Вашингтон и да работам како консултант за јавни институции и проекти“, вели 21-годишниот Станковиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари