250 ГРАЃАНИ НА БЕСПЛАТНА ЕКСКУРЗИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ СО ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

    250 ГРАЃАНИ НА БЕСПЛАТНА ЕКСКУРЗИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“ СО ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕЕкскурзијата во „Св.Јован Бигорски“ е дел од програмата „Мапа на културата“, која Еуролинк осигурување ја реализира преку платформата за корпоративно општествена одговорност. (Фото:еуролинк осигурување)

    На еднодневната екскурзија во манастирот „Св. Јован Бигорски“ , што се одржа во саботата во организација на компанијата „Еуролинк осигурување“ учествуваа 250 граѓани.

    Тие се запознаа со тајните на Бигорскиот манастир, кој се состои од семејна кула, црква и костурница. Во црквата доминира големиот иконостас во резба, од копаничарите Петре Филиповски-Гарката и Макарие Фрчковски.

    Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат светите мошти на свети Јован Крстител, а исто така се наоѓа и импозантна збирка на рачнопишувани ракописи кои се чуваат низ вековите.

    Оваа екскурзија се оддржа во рамки на програмата „Мапа на културата“, која е дел од платформа на „Еуролинк осигурување“ за корпоративно општествена одговорност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира