Вечерва во 21 часот во Лисабон, Португалија почнува првата полуфинална вечер на 63. Евровизија.
Македонската група „Ај Кју“, во состав: Бојан Трајковски и Марија Ивановска, со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found) ќе настапат 11. по ред.
Mузиката и текстот ги напиша Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Вечерва со македонските претставници ќе се натпреваруваат уште 18 земји: Хрватска, Австрија, Грција, Швајцарија, Финска, Ерменија, Азербејџан, Исланд, Албанија, Белгија, Чешка, Литванија, Израел, Белорусија, Естонија, Бугарија, Ирска и Кипар.
Мотото на годинашното европско музичко натпреварување е „Тргнуваме“ (All board), a ќе настапат 43 земји. Втората полуфинална вечер е в четврток, а финалето е в сабота, 12 мај.
Годинава Евровизија ќе ја водат 4 водителки: Филомена Каутела, Силвија Алберто, Катарина Фуртадо и холивудската актерка Даниела Руа.
Од вечерашниве 19 учесници, во финалето ќе се пласираат десетте, со најмногу освоени гласови од публиката и од стручното жири на секоја земја учесник.
Покрај учесниците, глас за омилената песна во првото полуфинале ќе можат да дадат и гледачите од Шпанија, Велика Британија и од земјата домаќин, Португалија.